Поврзете се со нас

Англија

Капитенот Одегард обелоденува: Играчите на Арсенал не го испочитувале договореното на „Итихад“

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Арсенал беше предефанзивно настроен на дербито на „Итихад“ и на крајот се одбрани од сите налети кои ги имаше Манчестер Сити, но таквиот пристап на „топчиите“ ги изненади и самите фудбалери на Микел Артета, кои дефинитивно не очекувале да бидат во толку подредена позиција.

Капитенот Мартин Одегард често се најде во ситуација да ја „продаде“ топката во ситуација кога се обидуваше да започне транзиција, а токму тој призна дека планот на Микел Артета бил сосема друг и играчите не одговориле онака како што било договорено.

Дисциплинираната игра во одбрана беше спроведена на дело до совршенство, но Норвежанецот открива дека договорот бил и да се задржи топката во посед кога ќе се одземе од противникот.

– И нашето чувство е дека можевме повеќе, моравме повеќе со топката во нозе. Моравме повеќе да ја задржиме топката, бидејќи на вакви мечеви, посебно важни за првите два паса откако ќе ја добиете топката. Сепак, едно е што сакате, а друго е што можете кога трчате постојано позади топка.

– Чувствувам дека се браневме подлабоко од тоа што планиравме, па затоа бевме често изморени кога ќе ја добиевме топката. Мора да работиме и на тоа во иднина, бидејќи првичниот план ни беше малку поинаков. Затоа има и мало разочарување кај сите нас во тимот, има измешани емоции и покрај тоа што гостувањето кај Сити е многу тешко. Ако се земе во предвид како поминувавме на овој стадион во минатото, освоениот бод е добар, но можевме да направиме многу повеќе со топката, – изјави Одегард.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни