Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Капитенот на Звезда: Интер не ме воодушеви, криво ми е…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/crvenazvezdafk

Црвена Звезда доживеа убедлив пораз од Интер од 4-0 на вчерашното соочување на „Џузепе Меаца“ во рамките на второто коло во Лигата на шампионите.

„Црвено-белите“ имаа негатива од само еден гол по еден час игра, но во последните 30 минути настрадаа и со три погодоци во нивната мрежа доживеаа дебакл на ова гостување.

Во таборот на српскиот првак се разочарани од конечниот резултат, поточно сметаат дека заслужиле повеќе со прикажаната игра во Милано.

-Прокоцкавме се што правевме. Криво ми е затоа што знам колку сакавме да ги израдуваме навивачите и се покажеме во вистинско светло, да покажеме дека можеме да играме со вакви тимови. Интер не ме изненади многу, не ме воодушеви.

-Не создадоа ниту некоја посебна шанса, освен оваа што им ја дадовме. Примивме гол од слободен удар од соблекувалната на почетокот. Видовме дека можеме да играме кога ќе се отвори просторот, создадовме неколку полушанси. Во вториот дел тие грешки се неприфатливи. Тоа не смееме да го дозволиме. Криво ми е бидејќи дадовме многу енергија и го сакавме најдоброто, но понекогаш работите излегуваат така. Тоа е тоа, продолжуваме понатаму. Дадовме се од себе, -порача капитенот Урош Спајиќ.

Следен ривал на клубот од Белград во ЛШ е француски Монако.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни