Поврзете се со нас

Балкан

Капитенот на Задар скокнал во море за да спаси давеник

Објавено

на

Фото: SC Derby/Filip Roganovic

Хрватскиот кошаркар Марко Рамљак е прогласен за херој на денот во Хрватска и тоа поради храбриот потег и спасувањето на лице кое за малку ќе се удавело во море во околината на Задар.

Повремениот хрватски репрезентативец и капитен на кошаркарскиот клуб Задар бил во близина и без размислување се нашол во водата за да спречи голема трагедија, па сега заслужено заработува комплименти од сите страни.

– Бев со сопругата, детето и пријатели во познато кафуле во Задар, а мојата сопруга беше таа која забележа дека некој се дави на пет метри од брегот.

– Се работеше за лице кое се капело, не беше со облека, не се фрлил, туку едноставно нешто се случило. Јас скокнав со облека, пријателот ми помогна да го извлечеме господинот на безбедно, а тој неколку пати ми се заблагодаруваше.

– Не го сметам ова за херојство, секој би постапил исто на мое место, – изјавил Рамљак за „24 сата“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни