Капитенот на Вотфорд бесен на Англичаните поради коронавирусот: Треба да ве казнуваат како во Русија!

dini-wotford

Англиските власти задоцнија со преземањето на први посериозни мерки против коронавирусот, но според информациите кои пристигнуваат од Островот, голем број на индивидуалци не го почитуваат истите и продолжуваат со нормалниот живот и покрај опасноста од ширење на болеста.

Такви несовесни луѓе можат да се посочат како примери на сите страни ширум светот, а сега свеста кај своите сонародници се обиде да ја пробуди капитенот на Вотфорд, Трој Дини. Искусниот напаѓач е бесен што Англичаните премногу потценувачки гледаат на вирусот, па поради тоа и предложи на владата дека треба да воведе казни како оние на Владимир Путин во Русија.

– Не знам колку повеќе предупредувања ни се потребни? Зарем не е доволно сето тоа што го гледаме во другите земји. Ни рекоа дека платите во најголем дел ќе бидат покриени, а луѓе се уште се шетаат и одат на работа. Мора да употребиме мерки како во Русија, кој ќе излезе надвор и не ги почитува мерките, треба да заврши пет години во затвор. Многумина гледаат шеговито на ова, но тоа е вистинска штета бидејќи можат да заразат голем број луѓе. Погледнете што се случува во Италија и Шпанија, не треба ништо повеќе, – вели капитенот на Вотфорд.

Facebook Коментари