Поврзете се со нас

Шпанија

Капитенот на Валенсија го нападна Рафа Мир: Такво однесување не смее да се толерира

Објавено

на

Foto:x.com/valenciacf

Рафа Мир доби двојна казна од Валенсија и засега не е познато кога точно ќе се врати на терените, па иако напаѓачот се извини за своето недолично однесување, скандалот кој го предизвика му донесе негативен публицитет и во соблекувалната.

ИГрачот кој беше промовиран на „Месталја“ во ист ден со Столе Димитриевски е првообвинет за силување на млада девојка, а иако целиот случај ќе добие разврска на суд, Валенсија како клуб реши да го подбере со парична казна, но и со суспензија од најмалку два натпревари.

Рафа Мир се уште тренира одвоено од првиот тим и Рубен Бараха дополнително ќе одлучува кога ќе го врати на групните тренинзи, но во меѓувреме шпанските новинари извлекоа изјава и од капитенот на „лилјаците“.

Пепелу е капитен на Валенсија во отсуство на повредениот Хосе Луис Гаја, а играчот за врска испорача доста остри зборови за лошата репутација која ја остави Мир за клубот, нешто што најмалку и треба на Валенсија која има и ужасен старт на сезоната (освои 1 бод од максимални 12).

– Се надевам дека Рафа ја научи лекцијата од оваа ситуација. Тоа допрва ќе се решава на суд, но целата епизода е еден знак непочитување кон клубот и до цела фан база. Тоа е нешто што не треба да се толерира, ситуацијата е тешка за него и навистина се надевма дека никогаш нема да се повтори.

– Не сме во ситуација да имаме дистракција со вакви работи. Тренерот и клубот го кажаа своето со изречените казни, самиот играч е свесен дека постапил многу лошо. Во овие времиња, треба да се насочиме кон спортските случувања на теренот, а не да се занимаваме со вакви епизоди, – изјави Пепелу.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни