Италија
Капитенот на Сити пристигна во Милано, набрзо следи официјална презентација (Видео)

Пеп Гвардиола му ги отвори вратите на Кајл Вокер откако капитенот на Манчестер Сити побара да си замине уште во јануари, а бидејќи негова желба беше да остане во Европа, англискиот репрезентативец ја прифати единствената понуда која ја имаше на маса.
Искусниот десен бек ги договори сите услови со италијанскиот великан Милан и даде зелено светло за комплетирање на трансферот, кој првично ќе се реализира како позајмица, со опција и за целосен откуп на крајот од сезоната.
Вокер засега не даде точно објаснување зошто посака да си замине од клубот во кој ги оствари најголемите успеси, но сега стана повеќе од јасно дека набрзо ќе ја даде првата изјава како играч на Милан.
Дефанзивецот ова попладне слета на аеродромот во Милано и тоа беше уловено од страна на угледните италијански новинари, кои најавија дека сега следи посета на Миланело центарот, каде ќе следат медицинските прегледи.
Вокер дефинитивно ќе биде големо зимско засилување за тренерот Сержо Консеисао, а само времето ќе покаже али неговиот престој на „Сан Сиро“ ќе стане перманентен, или ќе трае само шест месеци.
Kyle Walker has landed in Milan to sign for AC Milan. 🛬🔴⚫️
(🎥 @LucaBendoni) pic.twitter.com/okF4H4p8AK
— Football Xtra™ (@FootballXtra0) January 23, 2025
Kyle Walker all smiles arriving in Milan! 🇮🇹📍 pic.twitter.com/O20W22Msev
— City Report (@cityreport_) January 23, 2025
-
НБА22 часа
Ерата Дончиќ започна со охрабрувачка победа, несопирливиот Јокиќ броеше до 40 (Видео)
-
Свет19 часа
Модриќ ја издвои омилената „десетка“ од младите ѕвезди: Тој има светла иднина
-
Балкан21 час
Јеличиќ: Ристовски последниот добар меч го одигра уште кога не постоеше Северна Македонија
-
Шпанија18 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Лига на шампиони10 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Франција17 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
Италија16 часа
Колина побара промена на едно важно пенал правило и привлече големо внимание во јавноста
-
Свет20 часа
Наинголан: Ме уапсија како да сум Пабло Ескобар