Поврзете се со нас

Шпанија

Капитенот на Севилја постигна гол после пет години, па откри голем здравствен проблем: Има денови кога не можам да станам (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/SevillaFC

Севилја оствари тешка победа над Хетафе изминатиов викенд и побегна од опасниот дел од табелата во Ла Лига, а херој за андалузискиот клуб беше Хесус Навас.

Капитенот на Севилја ги брои последните денови и месеци во фудбалот и најави дека ќе се повлече од фудбалот, од една страна поради годините, но и поради здравствените проблеми кои ги има со години.

Откако постигна прв гол по пауза од пет ипол години, легендарниот Навас се отвори пред новинарите и откри дека вложува максимални напори за да му помогне на својот сакан клуб, бидејќи во принцип има денови кога не може да стане од кревет.

– Пред само два дена бев загрижен дали ќе можам да одам, а не дали ќе можам да играм. Тренерот ја знае мојата состојба, истото важи и за мојата сопруга и моето семејство. Станав со големи болки и утрото пред натпреварот со Хетафе, но дадов се од себе и љубовта кон Севилја ме води напред.

– Мора да се жртвувам за мојата Севилја, желбата е посилна од било која препрека. Во оваа ситуација сум веќе четири години и понекогаш работите се комплицираат. Понекогаш не можам да одам, ниту да си играм со своите деца. Без оглед на се, ќе дадам се од себе до мојот последен работен ден во Севилја, – изјави капитенот кој го заврши мечот со солзи во очите, но и овации од цело гледалиште на „Рамон Санчес Писхуан“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни