Англија
Капитенот на Саутемптон го потегна Кукурелја за коса и доби еден од најбизарните црвени картони во ВАР ерата (Видео)
ВАР системот направи да бидат достапни за судиите и „валканите игри“ кои знаат да ги играат одредени фудбалери во директните дуели на теренот, па така сега играчите мора да бидат далеку повнимателни, но и покоректни кон ривалите.
Имплементирањето на видео технологијата донесе уште десетина дополнителни камери на фудбалските терени и судиите добиваат поточни информации за дадена ситуација, па така вчера го видовме еден од најбизарните црвени картони во поновата историја на Премиер лигата.
Саутемптон е предодреден да се бори за живот во Премиер лигата и тешко ќе избори опстанок со форма како онаа од стартот на сезоната, а Челси вчера беше тимот кој профитираше од грешките на „светците“, но и од невнимателноста на нивниот капитен.
При резултат 1:3, најмалку што им требаше на домаќините е исклучување, а Џек Стивенс го доби истото поради тегнење за коса.
Капитенот на Саутемптон го потегна Кукурелја за коса и беше казнет на најстрог можен начин, а ова придонесе Челси да биде уште покомотен и подоминантен и на крајот да победи со 1:5.
"Det är så ultradumt!"
Jack Stephens drar Cucurella i håret och får syna det röda 🟥 pic.twitter.com/zJVqtHhiJD
— Viaplay Fotboll (@ViaplayFotboll) December 4, 2024
-
Светски првенства18 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Шпанија24 часа
Анчелоти го крена гласот: Сигурно не сум најглупавиот во светот…..
-
Шпанија18 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Германија23 часа
„Отпишаниот“ Кариус ќе ја спасува кариерата во престижен германски клуб (Фото)
-
Шпанија22 часа
Ракитиќ со искрена желба и совет до Реал Мадрид: Се надевам дека оваа порака ќе ја слушне Перез!
-
Светски првенства19 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Англија23 часа
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Свет23 часа
Барди доби специјална плакета од Трабзонспор, два шпански прволигаши веќе го контактирале Македонецот