Франција
Капитенот на Ремс ги „поздрави“ Мбапе, Меси и Нејмар: Беше лесно да се игра против нив!

Ремс го шокираше ПСЖ во 96-та минута и со гол се избори за реми на „Паркот на принцовите“, резултат кој дефинитивно го заслужи ако се земе во предвид дека гостите комплетно доминираа во првото полувреме.
ПСЖ во првите 45 минути не изгледаше како тим кој е апсолутен фаворит против Ремс, кој од друга страна пак, делуваше како екипа која максимално го има изнанализирано секој дел од тимот кој го предводи Галтие.
Ремс потполно го неутрализираше ПСЖ во најголем дел од мечот и на крајот доби награда откако повеќе од половина час играше со човек повеќе на теренот, па по ремито од 1:1, доста зајадлива изјава даде стоперот кој е и капитен на тимот, Јунис Абделхамид.
– ПСЖ е тим кој е свесен за своите квалитети, но ние добро ги анализиравме и знаевме кои се нивните слаби страни. Знаеме дека не се бранат добро кога ќе останат без топка. Можевме да имаме и подобар резултат, бидејќи не ги завршивме најдобро шансите кои ги имавме. Тие имаат свои недостатоци и успеавме да го искористиме тоа.
– Тешко е да играте со нив кога ја имаат топката во нозе, но фудбалот е многу повеќе од тоа. Кога ние ја имавме топката, беше навистина лесно бидејќи Мбапе, Меси и Нејмар не се бранат. Знаевме дека ќе бидеме опасно кога ќе ја минеме нивната прва линија. Воопшто не страдавме од нив овојпат, – изјавил Мароканецот по мечот.
-
Македонијапред 11 часа
Не ја заборава старата љубов: Елмас се појави на тренинг на Работнички (ФОТО)
-
Лига на шампионипред 9 часа
Реал би бил најголем губитник: Како ќе беа распоредени титулите во ЛШ со употреба на ВАР од самите почетоци (ФОТО)
-
Англијапред 22 часа
Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…..
-
Германијапред 20 часа
Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман
-
Италијапред 19 часа
Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас
-
Шпанијапред 19 часа
Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител
-
Светпред 22 часа
Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Ѕвездата на Сити огорчена од играта на Шкотска: Вистинско ѓубре, ова не е фудбал……