Поврзете се со нас

Балкан

Капитенот на Партизан брутално искрен: Ова не беше дерби (Видео)

Објавено

на

Foto:instagram.com/ajovanovic_26

Партизан речиси 30 години не знае за пораз каков што вчера доживеа од Црвена Звезда во вечното дерби, а конечниот резултат 0:4 е најдобар приказ за тоа колкава е разликата во квалитет во овој момент.

Колку и да звучи брутално за верните фанови на Партизан, лутиот ривал во овој момент е за неколку класи подобар тим, нешто што го призна и капитенот на првиот тим.

Александар Јовановиќ со својата жестока реакција и искрените зборови стана навистина популарен во фудбалска Србија, а со заклучокот кој го извлече испрати и јасна порака до раководството.

– Ова не беше дерби, се чувствуваше недостаток на квалитет и карактер кај сите нас во тимот. Ништо не е случајно, ова веќе тлее некое време. Актуелното ниво на Партизан не е добро, ова денеска не беше дерби, резултатот е 0:4.

– Не можам да поверувам што зборувам, но ние не сме ниту блиску до квалитетот на Звезда. Тие создадоа тим за Лига на шампиони, а ние немаме квалитет ниту за Конференциска лига, а не нешто повеќе. Бевме 50 посто послаби од нив и тоа е реалната слика. Ние се бориме за второто место, не можам да верувам што зборувам, од тоа треба да се засрамиме сите кои сме во клубот. Кога велам на сите, мислам на управата, на стручниот штаб, на играчите……, – изјавил капитенот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни