Поврзете се со нас

Италија

Капитенот на Наполи добил повик од Конте, но му соопштил на Антонио дека веќе се договорил со Јуве

Објавено

на

Foto:x.com/en_sscnapoli

Џовани Ди Лоренцо со мислите е насочен кон Европското првенство кое стартува во петок, но истовремено се занимава и со шпекулациите кои се се погласни во Италија.

Искусниот десен бек донесе одлука да го напушти Наполи уште пред пристигнувањето на Антонио Конте, сето тоа како последица на нарушениот однос со првиот човек на клубот, Аурелио де Лаурентис.

Блиските медиуми до клубот откриваат дека Ди Лоренцо останал разочаран од медиумскиот притисок кој го правел газдата за платата која ја бара во новиот договор, по што решил дека неговиот циклус на „Диего Марадона“ дошол до самиот крај.

Денешните вести од Неапол откриваат дека Ди Лоренцо добил телефонски повик од Конте кој се обидел да го разубеди репрезентативецот во својата намера, но десниот бек само ја потврдил својата одлука и му соопштил на Антонио дека е на пат кон Јувентус.

Последните информации велат дека Ди Лоренцо веќе ги договорил личните услови со клубот од Торино, а планот е трансферот да биде реализиран по крајот на Европското првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни