Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Капитенот на Милан призна: Не сме навикнати на вакво темпо, како да одигравме неколку меча во 90 минути!

Објавено

на

Давиде Калабрија си го оствари својот животен сон и го предводеше Милан како капитен на еден натпревар во Лигата на шампионите, а по поразот кој го претрпеа „росонерите“ во возбудливиот меч против Ливерпул, призна дека тој и соиграчите не се навикнати на темпо какво што наметна англискиот состав.

Ливерпул создаде седум стопроцентни шанси во првото полувреме, постигна еден гол и промаши пенал, но во завршницата успеа да прими два гола и Милан на паузата замина со сензационална предност од 1:2.

Клоп не можеше да поверува како неговиот тим има негатива по 45 минути игра, но во продолжението, Ливерпул го одржа страшното темпо и успеа да направи пресврт за победа од 3:2 и прва победа во групната фаза во Лигата на шампионите.

– Ливерпул стартуваше многу силно, лесно се заклучува дека тие се навикнати на друго темпо од нас. Ливерпул е еден од најдобрите тимови во светот, со страшни играчи на секоја позиција. Ова беше нависитна тежок меч за нас. Како да одигравме неколку натпревари во еден меч, во едни 90 минути.

– Не бевме исплашени, едноставно се мачевме да се навикнеме на тоа темпо. Успеавме да направиме пресврт во првиот дел и тоа е за пофалба, но мора да спречиме грешки како оние во вториот дел. Против еден од најдобрите тимови во Европа и на нашиот прв меч во Лигата на шампионите после седум години, ќе кажам дека е за пофалба она што го направивме пред крајот на првиот дел. Јас си го исполнив сонот од детство, бев капитен на Милан во Лигата на шампиони, штета за завршниот резултат, но имаме уште шанси за докажување во групната фаза, – изјави десниот бек Калабрија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни