Поврзете се со нас

Англија

Капитенот на Мексико за интересот од Јунајтед: Фокусиран сум на…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/miseleccionmxEN/

Манчестер Јунајтед допрва ќе ги направи своите потези на трансфер пазарот, но веќе има одредени најави за операциите, играчите кои можат да слетаат на „Олд Трафорд“.

Една од тие желби е капитенот на Мексико, Едсон Алварез кој имаше добра прва сезона во дресот на Вест Хем за кого во натпреварувачката 2023/2024 одигра 42 натпревари на кои постигна 2 гола и забележа исто толку асистенции.

-Можам само да ви кажам дека сум фокусиран на она што треба да го направам. Знам дека Копа Америка е многу важен турнир каде што очите на светот во основа се тука.

-Подоцна ќе има време да видиме што има или што нема, -порача Едсон пред премиерниот меч на неговата селекција против Јамајка.

Алварез има 26 години и многу добро му е познат на Ерик Тен Хаг од времето во Ајакс. Мексиканецот има договор со „чеканите“ до 30 јуни 2028 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни