Шпанија
Капитенот на Мајорка распали по резервистот на Реал: Само два дена е во фудбалот, треба да научи да победува!
Полуфиналето меѓу Реал Мадрид и Мајорка заврши на доста неславен начин, односно со голема мешаница во која беа инволвирани огромен број фудбалери.
Иако за време на натпреварот најжестоки беа Мафео, Винисиус и Белингам, во завршната претстава се приклучија уште неколку актери, а еден од најбесните беше младиот стопер на „кралскиот клуб“, Раул Асенсио.
Играчот кој го замени Чуамени во вториот дел влезе во жестока вербална пресметка со низа противници по третиот гол кој го постигна Родриго, па тоа му донесе и најголеми критики од страна на повозрасните фудбалери од Мајорка.
– Покрај сите лични препукувања кои ги имаше на теренот, на крајот се придодаде и едно дете со својот однос. Јас сум од постарата генерација и сметам дека многу е важно да знаеш да победиш. Мафео се налути бидејќи беше удрен од Белингам по третиот гол, немаше потреба да дојде играч како Асенсио кој само два дена е во професионалниот фудбал. Треба да покаже повеќе респект кон играчи кои доста подолго се во професионалниот фудбал.
– Секогаш има мешаници и дуелот на теренот, но тоа се здрави закачки каква што имав јас со Ридигер. Мене посебно ме налути Асенсио, младо момче кое сега дојде во фудбалот, а кое очигледно не знае да победува. Сигурен сум дека ќе научи, – изјави Дани Родригез, капитенот на Мајорка.
🤯 Más imágenes de la tángana que hubo entre jugadores del Real Madrid y Mallorca al término del partido: todos a por Asencio
📹 @JLAllegue92 #SuperSupercopa pic.twitter.com/Zhf5HgueFx
— MARCA (@marca) January 9, 2025
-
Англија18 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП12 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија11 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Шпанија11 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Репрезентација14 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Македонија20 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Германија15 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија14 часа
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)