Поврзете се со нас

Англија

Капитенот на Лутон имаше емотивна посета на тренинг центарот еден месец по срцевиот застој на теренот (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/LutonTown

Том Локјер имаше најлош можен крај на 2023-та година и последните денови ги мина во болница, сето тоа како последица на срцевиот застој кој го имаше на натпреварот против Борнмут во Премиер лигата.

Капитенот на Лутон ја преплаши цела јавност на Островот со своето второ колабирање во една година, па сега јасно е дека ќе земе подолга пауза и воопшто нејасно е дали некогаш ќе се врати на теренот.

Таквите одлуки се тешки за процесирање и последниот збор ќе го имаат лекарите, а затоа посебно радува видеото кое го испрати Лутон, со кое открива дека Локјер има позитивен дух.

Том вчера бил во посета на тренинг центарот на својот клуб првпат после претрпениот шок, и сигурно е дека тоа ќе му дојде нависитна добро после настаните кои ги доживеа во последните 30-тина дена.

– Навистина уживав што ги видов момците. Ги немав видено сите заедно од денот кога се случи тоа, навистина беше убаво да ги видам. Бев активен цел живот, не само во фудбалот, туку и во се останато. Навистина на почетокот ми беше тешко да прифатам дека не смеам да правам многу работи, – открива Локјер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни