Капитенот на Лестер избркан од својот дом поради неверство

ves-morgan-lester-444

Непријатните моменти на познатите спортисти стануваат кошмар кога за нив ќе дознаат таблоидите. Така „Сан“ денеска ја објави веста дека фудбалерот на Лестер, Вес Морган бил избркан од куќата во која живеел со својата партнерка и тоа откако таа дознала за неговата афера.

Морган цели три години имал љубовница, а мајката на неговите две деца со која не е во брак, дознала за неговите излети од анонимен телефонски повик преку кој и било соопштено дека љубовницата на премиерлигашката ѕвезда е бремена.

Изворите на „Сан“ тврдат дека Морган ја потврдил приказната и поради тоа морал да го напушти семејниот дом во кој живееше со вереничката Шинин Фишер со која е во врска цели 14 години.

 

Facebook Коментари