Англија
Капитенот на Јунајтед со првични импресии по враќањето на тренинзите
Капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер ги даде своите први импресии по враќањето на тренинзите.
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед вчера се вратија на групни тренинзи кои се ограничени од по само неколку играчи, а Мегваер посочи дека се чувствувал одлично по враќањето.
Стоперот исто така посочи дека фудбалерите на Манчестер Јунајтед се чувствувале многу безбедно додека тренирале во клупскиот тренинг центар во Керингтон.
– Ова беа многу чудни неколку месеци, но клубот го почитуваше сите протоколи. Поради тоа, ова опкружување околу нас делува многу безбедно. Ова ни беше прв ден на тренинзите, но сите ги следат пропишаните мерки и нема никакви проблеми.
– Сите се чувствуваме многу подобро затоа што знаеме дека секој од нас во соблекувалната правеше тест и доби негативен резултат. Работиме во помали групи, денес бевме четворица и работевме со еден тренер. Првата фаза поминува без никакви проблеми, -заврши Мегваер.
Според „Проектот Рестар“ се очекува ваквите тренинзи ќе траат уште од прилика една недела, а потоа се очекува тренинзите да се одвиваат со целиот тим.
Се очекува фудбалската сезона да се рестартира на 12 јуни, а сезоната треба да заврши кон крајот на јули.
-
Балкан19 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија22 часа
Наместо отказ, Јувентус побарал две работи од Мота до крајот на сезоната
-
Свет21 час
Невидена глупост во Бугарија: Минута молк за фудбалер кој испадна дека е жив! (Видео)
-
Репрезентација20 часа
Трогателна сцена од тренингот на Македонија: Обединети во тагата (Фото)
-
Свет19 часа
Хамес се смета за подобар од четири фудбалски легенди, вклучувајќи ги и Зидан и Модриќ: Во моите најдобри денови……
-
Шпанија18 часа
Непоразениот играч во тимот на Барселона: Набрзо ќе донесам одлука за мојата иднина
-
Балкан16 часа
Официјално: Вардар и Црвена Звезда ќе одиграат хуманитарен меч за трагедијата во Кочани! (Фото)
-
АТП19 часа
Ѓоковиќ доби тешка ждрепка и на Мастерсот во Мајами (Фото)