Поврзете се со нас

Англија

Капитенот на Јунајтед доби посебна инспирација: Бруно ги „поздрави“ навивачите на Сити по последниот судиски свиреж (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Дербито на Манчестер секогаш нуди посебни емоции и страст кај самите актери на теренот, па не чуди фактот што победите против лутиот ривал се слават пожестоко и поенергично од сите останати.

Јунајтед изгледаше како тим кој нема доволно идеи да го загрози Едерсон, но една непромислена грешка на Нуњес иницираше пресврт кој донесе ерупција на делот кадешто имаше навивачи во црвено на „Итихад“.

Амад Диало прерасна во херој со изнуден пенал и гол за 1:2 во самата завршница, а важен дел од пресвртот беше и Бруно Фернандеш.

Капитенот на Јунајтед потсети на една стара прослава на Кристијано Роналдо од Премиер лигата по голот за 1:1, а имаше порака и „поздрав“ за навивачите на Сити и по последниот судиски свиреж.

Португалецот добиваше многу свирежи и навреди во завршницата од дербито, па за крај ги потсети домаќините за конечниот епилог од денешното манчестерско дерби.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни