Поврзете се со нас

Македонија

Капитенот на фудбалската репрезентација огорчен од случувањата во спортот во Македонија: Кој е следен? (Фото)

Објавено

на

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски го искажа својот револт за целокупната ситуација во спортот во Македонија во годините наназад.

За жал, сите успешни спортски приказни во Македонија доаѓаат до самиот крај, а таква е и ситуацијата со РК Вардар кој пред неколку денови доби забрана да игра во Лигата на шампионите, а денес истата забрана беше потврдена.

По тој повод со своја објава на социјалните мрежи се јави Ристовски кој го искажа незадоволството за целокупната ситуација во македонскиот спорт.

Ристовски се сети на успешните приказни кои за жал имале лош крај, за на крајот да ја опише Македонија како „жална“.

– ФК Вардар, РК Вардар, КК Работнички, ЖРК Кометал …

– Брендови на Македонија.  Кој е следен?

– А да, други ни се криви ! Моја жална Македонијо, -напиша Ристовски на својот Инстаграм профил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни