Поврзете се со нас

Англија

Капитенот на Евертон покажа класа и со потегот му го разубаве малерозниот ден на несреќниот фан (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Everton

Премиер лигата одреагира совесно и поради пустошот кој го остава бурата „Дара“ го одложи дербито меѓу Евертон и Ливерпул, а додека се бара нов термин за Мерсисајд пресметката, пристигна и една вест која стана вирална во Англија.

Сите угледни медиуми ја пренесоа тажната приказна за 15-годишниот фан Мекензи Кинсела кој допатувал од Австралија за да го гледа својот омилен клуб, па јасно е дека навивачот на Евертон е најразочаран од одложениот меч со кој требаше да стартува денешната програма.

Младиот Австралиец ја потрошил цела своја заштеда од 1500 фунти за да го гледа последното Мерсисајд дерби на „Гудисон парк“, но неговите планови беа уништени ова утро кога Премиер лигата соопшти дека нема да има фудбал во Ливерпул.

Поради долгиот пат кој го минал и заштедата која ја потрошил, младиот Кинсела стана вирален хит и на социјалните мрежи, па неговата приказна допре до капитенот на Евертон, кој покажа класа и му го разубаве малерозниот ден.

Во официјално видео обраќање, Семус Колмен го покани Мекензи да биде дел од понеделничкиот тренинг и во живо да искуси запознавање со своите миленици.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни