Поврзете се со нас

Англија

Капитенот на Челси: Утрешната титула во Карабао Купот е поважна од онаа во ЛШ!

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Челси има нова турбулентна сезона под водство на новиот газда Тод Боли, но за разлика од минатата, сега има убава можност да се бори за трофеј и да освои титула во тешкиот период низ кој минува клубот.

Маурисио Покетино се мачи да воведе ред на „Стемфорд Бриџ“ и се уште ја нема пронајдено својата идеални стартна постава, но неговиот тим одговори добро на последното дерби против Манчестер Сити и тоа треба да биде добар предуслов за утрешното финале.

Челси на „Вембли“ ќе се бори за Карабао титулата со Ливерпул, тим од кој претрпе два куп порази во 2022-ра година, и тоа двапати по изведени удари од 11 метри.

Бен Чилвел не можеше да ги игра тие финалиња поради повреда, но сега како капитен добива шанса за одмазда и силно посакува тој и соиграчите да оставарат такво нешто.

– Лигата на шампионите е попрестижно натпреварување од Карабао Купот, но утрешното финале и утрешната титула се поважни за нас од титулата која ја освоивме во 2021-ва година.

– Го велам ова мислејќи на тоа во која ситуација се наоѓа клубот во моментов, оваа титула би дошла навистина добро за оваа млада група на играчи. Имаме многу подеми и падови и да освоиме титула ќе биде голема вест за сите нас. Оваа титула ќе биде поважна за нас од Лигата на шампионите, би фатиле вистински правец како клуб и затоа велам дека е поважна, а не попрестижна.

– Секако дека се сеќаваме на двата порази во финалињата пред две години. Сакаме да има спортска одмазда поради болните порази кои ги доживеавме во финалињата на Куповите (ФА Куп и Карабао Куп), – завршува Чилвел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни