Поврзете се со нас

Англија

Капитенот на Челси ја теши малерозната ѕвезда на Јунајтед: Добро знам низ што минуваш… (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Мејсон Маунт едноставно не може да крене глава од повреди откако направи трансфер од Челси во Манчестер Јунајтед, а најновиот проблем ќе го оддалечи од терените неколку недели.

Офанзивниот играч за врска не ја криеше фрустрацијата по новата повреди и од неговиот фацијален израз можеше да се заклучи деак проблемот не е баш наивен, а деталните прегледи покажаа дека се работи за посложена мускулна повреда.

Маунт повторно ќе биде надвор од тренажен процес и ќе чека нова шанса од Рубен Аморим во 2025-та година, па бидејќи сето ова направи да има емотивена објава на социјалните мрежи, искрена поддршка му испрати уште една малерозна ѕвезда.

Рис Џејмс има уште поголем проблем со повредите во последните две години, па капитенот на Челси му возврати на својот поранешен соиграч и му порача да остане силен.

– Нема многу луѓе кои можат да сфатат низ што минуваш, но јас го доживеав твоето разочарување. Тоа беше разочарување, по разочарување, по разочарување….

– Навистина е тешко, ти посакувам брзо закрепнување, остани силен брате! Не се сомневам дека ќе се вратиш на најдобро ниво, – му порача Џејмс.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни