Европски првенства
Капитенот на Белгија иритиран: Нема да им честитам на Италијанците, лежеа по теренот!
Во отсуство на Еден Азар, капитенската лента му припадна на Јан Вертонген како лидер во одбраната на Белгија, но сепак искусниот стопер се претвори во еден од главните трагичари од едноставна причина што тој ја направи клучната грешка при првиот гол на Италија.
Дефанзивецот на Бенфика беше максимално нервозен и разочаран по поразот од 2:1 и новата пропуштена шанса за голем дострел на едно Европско или Светско првенство, па во моменти на бес, не сакаше да им честита на Италијанците, нешто што го направија неговите колеги Куртоа и Де Брујне.
Вертонген појасни дека бил фрустриран и иритиран од претераните реакции на Италијанците, но и нивните лежења на теренот во второто полувреме во кое Белгијците бркаа израмнување.
– Ја немавме топката во своите нозе во првиот дел од мечот, а јас сакав да ја задржам и да направиме нешто повеќе. Ова навистина боли, посебно боли зошто јас направив грешка. Разочарувањето е огромно, ова е пропуштена шанса за нас, исто како и на Светското првенство. Ќе мора да анализираме и да видиме каде погрешивме.
– Морав да ја исфрлам топката и да ја расчистам опасноста. Италија е добар тим, статистиката го покажува тоа, но нема да им давам премногу комплименти. Нема да им честитам, ме иритираа премногу со лежењето на теренот. Не сакам да звучи како оправдување, бидејќи грешката за овој пораз е кај самите нас, – порача разочараниот заменик капитен на Белгија.
-
НБАпред 16 часа
Дончиќ за чудесниот кош на Ирвинг против Денвер: Не сум сигурен дека луѓето…(ВИДЕО)
-
Шпанијапред 16 часа
Чави за ѕвездата на Атлетико: Копиле…(ВИДЕО)
-
Англијапред 18 часа
Клоп бесен по драматичниот поразот на „Олд Трафорд“: Немам нерви за тебе (Видео)
-
АТПпред 19 часа
Алкарас и Медведев доставија кандидатура за поен на годината, Шпанецот е крал во пустината! (Видео)
-
Англијапред 18 часа
Гвардиола: Тоа е финале за нас
-
Англијапред 19 часа
Стерлинг им се извини на навивачите на Челси и им вети една работа (ФОТО)
-
Шпанијапред 14 часа
Жоао Феликс: Навивачите на Атлетико не знаат што се случи…
-
Англијапред 17 часа
Херојот на Јунајтед за потегот кој му донесе црвен картон: Заборавив…(ВИДЕО)