Поврзете се со нас

Свет

Капитенот на Барселона „згрми“ по новиот пораз: Играме како третолигаши, мораме…

Објавено

на

foto: x.com/FCBbasket

Барселона има многу лоши резултати во досегашниот тек на оваа сезона како во шпанскиот шампионат така и во Евролигата

Каталонците скоро редовно примаат голем број на поени, противниците максимално ги користат сите слабости и тоа последно го направи Сарагоза која ги доби со 108:98. Барса во АЦБ шампионатот има учинок 6-5 и е на 8. место на табелатат, додека во Евролигата е дури 11. со ефект 8-7 што е далеку, далеку од она што се очекува од шпанскиот великан.

Притисокот расте, па капитенот Алекс Абринес удри по соиграчите, односно побара како колектив да се разбудат затоа што во моментов според неговите зборови играат како третолигаши.

-Мора да имаме почит кон овој дрес, почнувајќи од мене. Сите мораме повеќе да го почитуваме овој клуб. Ова е повик за будење. Ова не може да продолжи. Ние сме Барса и играме како третолигаши. Или сега ќе реагираме или за месец сезоната ќе заврши. Ги изневеруваме навивачите од еден во друг меч. Ќе се обидам да ги ставам сите играчи во торбата, затоа што ако треба да играме со пет, не ни се потребни повеќе, -порача Абринес.

Составот од „Палау Блауграна“ во текот на оваа седмица ќе одигра три средби и тоа против Фенербахче, Виртус Болоња и МораБанк Андора.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни