Поврзете се со нас

Свет

Капитенот на Барселона: Клубот постапи правилно во случајот со Хезоња

Објавено

на

Foto:twitter.com/RMBaloncesto

Марио Хезоња беше најактуелна европска кошаркарска тема минатата недела, а причината беше што влезе во вистинска сапуница, во која потпишал договор со Барселона како играч на Реал Мадрид, за на крајот сепак да остане во редовите на актуелниот шпански шампион.

Хрватот беше „помилуван“ од Флорентино Перез, кој верува во неговите кошаркарски квалитети, па ќе ја продолжи кариерата во истиот клуб каде настапуваше и претходните сезони, а капитенот на најголемиот ривал смета дека Барселона постапила исправно кога се откажала од Хезоња.

Барса имала договор со Хрватот, но реши да се повлече од истиот поради изјавата на кошаркарот во која го величеше Реал и неговите фанови откако ја освои титулата со оваа екипа. Капитенот Алекс Абрињес ја поздрави одлуката на Барса.

– Не можете да излезете пред камера и да дадете таква изјава, кога во теорија веќе имате договор со друг клуб.

– Јас делев соблекувална со Хезоња, се работи за одличен кошаркар, ситуацијата е таква каква што е и според мене клубот постапи исправно. Велеа дека работата е веќе договорена, значи тој бил на половина пат кон Барселона и излезе со таква изјава. Потполно ја разбирам лутината на навивачите, – рекол Абрињес.

Хрватот го имаше првиот кошаркарски блесок токму како играч на Барселона, по што си обезбеди место во НБА, а по враќањето од САД го носеше и дресот на Панатинаикос и Уникс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни