Шпанија
Капитенот на Барса ја презема вината за поразот: Не постигнав гол за победа, а потоа ја подарив контрата за голот на Серлот (Видео)
Барселона загуби во услови кои тешко можат да се опишат со зборови, бидејќи тимот на Ханси Флик се изнапромаши пред голот на Јан Облак, пред да капитулира во 96-та минута кога беше сурово казнета за сите нереализирани шанси.
На натпревар на кој комотно можеше да слави со неколку голови разлика, каталонскиот гигант мораше да се помири со пораз од 1:2, а примениот гол во 96-та минута посебно ќе го прогонува капитенот на тимот.
Рафиња не искористи две стопроцентни шанси по додавања од Педри во второто полувреме, а за крај беше играчот кој ја загуби топката по која стартуваше убиствената контра на Атлетико која заврши со гол за победа на Серлот.
– Прифаќам одговорност за денешниот пораз. Не постигнав гол за победа, а пет минути подоцна Атлетико израмни. Потоа, го погрешив пасот кој заврши со втор гол за Атлетико, ова е пораз кој оди целосно на моја душа, – порача Рафиња во интервјуто по дербито.
– Игравме многу добро, но на крајот загубивме. Претпочитам да играме лошо и да победиме, отколку да завршиме вака, – додаде Бразилецот.
🎙️ Raphinha, autocrítico… otra vez:
🗣️ "Prefiero jugar mal y ganar. La culpa de la derrota es mía". pic.twitter.com/56ou9GSJZq
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) December 21, 2024
-
АТП15 часа
Гласна птица го деконцентрираше Ѓоковиќ, сцената стана вирален хит (Видео)
-
Англија24 часа
Аморим за Рашфорд: Дали го одигра неговото за Јунајтед? Мора да го претставува клубот…
-
Италија22 часа
Конте за Кварацхелија: Тој не ме разочара, мислев…
-
АТП23 часа
Елиминиран поранешниот финалист на АО, Синер преку тај-брејкови до прва победа (ВИДЕО)
-
Шпанија13 часа
Апелацискиот суд донесе пресуда за инцидентот на Винисиус со Димитриевски
-
Шпанија14 часа
Анчелоти пронајде само една светла точка во болниот пораз од Барса
-
АТП19 часа
Тинејџер му зема сет на Ѓоковиќ, Србинот одговори и обезбеди билет за второто коло во Мелбурн (ВИДЕО)
-
АТП20 часа
Алкарас со убедлив триумф тргна на Австралија Опен (ВИДЕО)