Поврзете се со нас

Шпанија

Капитенот на Атлетико со брутална порака: Нема место во тимот за тој кој не сака да трча!

Објавено

на

Foto:x.com/Atleti

Атлетико МАдрид веќе трета сезона по ред не изгледа како тим кој може да направи некој позначаен резултат на гостински терен, а овој проблем се провлекува и на стартот на новата кампања.

Тимот на Диего Симеоне вчера одигра доста скромно на жешкото гостување на „Валјекас“ и мора да се признае дека Рајо беше тој кој повеќе ја сакаше победата, па по ремито од 1:1, доста брутална порака испорача капитенот на гостинскиот тим.

Коке ги подбра своите соиграчи и им порача дека победите на теренот се остваруваат со многу трчање, а не со појавување и со дресот кој се носи на себе.

– На крајот на краиштата, се се сведува на трчање. Не може да дојдете со тежината на дресот и да мислите дека ќе победиме. Кој не трча, за него нема место во модерниот фудбал.

– Во првото полувреме го немавме вистинскиот пристап за еден ваков меч. Во второто полувреме бевме подобро, но во првото полувреме не игравме ништо. Во овој тим нема место за оној кој не сака да трча. Знаеме како поминавме на гостувањата минатата сезона и не смееме да си го дозволиме тоа, мора да го искорениме тоа од нашата игра, – изјави Коке.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни