Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Капитенот на Аталанта се „исклучи“, па тргна по секоја цена да се пресмета со противникот (ВИДЕО)

Објавено

на

Аталанта го загуби и вториот меч против Клуб Бриж и со вкупни 5-2 доживеа елиминација од Лигата на шампионите.

Ова дефинитивно е голема изненадување за пошироката фудбалска јавност, а разочарување за клубот од Бергамо кој имаше одлични натпревари во групната фаза, беше конкурентен, рамноправен со големи екипи како Барселона, Реал Мадрид, Арсенал…за да сега биде надигран од белгискиот претставник во два натпревари.

Голема беше нервозата кај домашните фудбалери, а истата најмногу ја покажа капитенот Рафаел Толои кој се „исклучи“ во самата завршница и заслужено доби црвен картон.

По малата провокација од Максим де Кујпер, дефанзивецот збесна и направи се за да истера некоја правда за да на крајот го собори противникот, ама и си заработи исклучување во 87 минута.

-Тоа беше лош момент и никогаш не смееме да ја изгубиме главата. Аталанта мора достоинствено да ја напушти Лигата на шампионите, откако одигра одлични натпревари против Реал Мадрид, Арсенал и Барселона, -рече тренерот Џан Пјеро Гасперини.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни