Лига на шампиони
Капитенот на Аталанта не се предава по поразот во Бергамо: По овој натпревар сме уште посилни, сега мора само…

Аталанта херојски се бореше со играч помалку во вечерашната средба против Реал Мадрид, но на крајот не успеа да се одбрани и со минимален пораз од 1:0 ќе патува на гостувањето во Мадрид за 20 дена.
Избраниците на Џанпјеро Гасперини одиграа солиден натпревар против Реал Мадрид во кој несреќно примија погодок во 86. минута иако цели 70 минути играа со играч помалку.
Капитенот на Аталанта, Рафаел Толои и покрај поразот не планира да се предава пред реваншот на „Алфредо Ди Стефано“ и најави дека во Мадрид играчите на Аталанта ќе одат на победа.
– Се боревме до самиот крај. Тешко е да играш против Реал Мадрид, уште потешко кога играш со десет играчи. Не мислам дека тоа беше црвен картон затоа што Ромеро беше тука и ја покриваше позицијата, а и противникот секако одеше на крило. Како и да е, се браневме добро, се уште сме во живот пред вториот натпревар, а вечерва само докажавме дека можеме да играме на нивото кое се бара кога играте против Реал Мадрид.
– Дури и со играч помалку имавме некои интересни шанси за погодок. Се чувствуваме посилни по оваа средба, знаеме за што сме подготвени и што можеме да постигнеме против секој противник. Јасно е дека има горчлив вкус откако примивме гол во финишот, но сите сме свесни што можеме да направиме во вториот натпревар. Сега треба да одиме таму и да го добиеме натпреварот, -изјави Толои.

- Шпанијапред 17 часа
Фудбалерите на Реал со уште еден потег покажаа колку им значи клубот: Донеле заедничка одлука за…
- Италијапред 18 часа
Пандев веројатно ќе си оди, но друг Македонец ќе го замени и ќе заигра за Џенова од следната година
- АТПпред 15 часа
Ѓоковиќ откри кој е неговиот најголем сон: Не сакам да бидам неблагодарен…
- Англијапред 18 часа
Тухел презадоволен по победата над Сити испофали еден фудбалер: Го победивме најдобриот тим во Европа
- Англијапред 19 часа
Солскјер не се откажува и верува во чуда: Многу почудни работи се случиле досега
- Германијапред 21 час
Легендата на Баерн која го најави заминувањето на Флик: Стојам зад својот збор, знам кој ќе биде нов тренер
- Шпанијапред 15 часа
Нов проблем за Реал: Зидан нема да може да смета на уште еден важен играч за пресметката со Хетафе
- Англијапред 16 часа
Реал Мадрид го обновил интересот за фудбалер на Манчестер Сити