Франција
Капитенот Маркињос: Ова не е наша најдобра сезона, но…

Пари Сен Жермен го потврди статусот на фаворит и ги освои трите бода на гостувањето кај Оксер во Лига 1 и е многу блиску до освојување на пехарот во Лига 1.
Веќе во наредното коло „светците“ можат да ја довршат работата и со тоа да ја потврдат доминацијата во францускиот фудбал. Капитенот Маркињос признава дека ова не е најдобра сезона за нив, но трофејот може да им помогне да ја заокружат натпреварувачката 2022/2023 со успех кој може да послужи како основа за подобри резултати во иднина.
-Веќе имаме рака на трофејот, само ни недостасува математички дека сме шампиони. Ќе го завршиме тоа во следниот натпревар. Мораме да се фокусираме на нашата работа што треба да се заврши. Скоро е завршено, математички сè уште не, но скоро е направено. Не е најдобрата сезона на ПСЖ, но е добра сезона. Секогаш е важно да се освои титулата шампион на Франција. Знам како боли кога не ја освојувате лигашката титула во Франција. Ние ќе ја задржиме оваа титула шампион на Франција што ќе ја побараме во следниот натпревар, за да можеме да ја завршиме оваа сезона добро и тоа да биде добра сезона.
-Оваа сезона беше посебна сезона заради СП во средина. Почнавме добро, на почетокот на сезоната игравме многу добри натпревари. После Мундијалот мислам дека многу работи се сменија. Се бараше многу на СП во однос на енергијата и емоцијата. Во втората половина од сезоната, не бевме во можност да го одржиме нашето ниво, -рече Бразилецот.
Следниот меч за „светците“ е на домашен терен против Стразбур.
-
Шпанијапред 15 часа
Анчелоти со комплименти за Родриго: Тој е наш најдобар играч по СП
-
Италијапред 14 часа
Три ѕвезди на Јувентус денес ќе се збогуваат со фановите, важен играч на Алегри го пропушта дербито
-
Англијапред 17 часа
Фердинанд нема дилеми: Јунајтед има поуспешна сезона од Арсенал
-
Германијапред 15 часа
Салихамиџиќ по отказот од Баерн: Многу сум емотивен, ситуацијата не е лесна…
-
Англијапред 13 часа
Џака се „збогуваше“ со Арсенал во пресрет на последното коло
-
Шпанијапред 11 часа
Барселона договорила засилување од Вулверхемптон
-
Францијапред 18 часа
Мбапе „нокаутираше“ девојка со топка, па со убав гест покажа дека е џентлмен (ВИДЕО)
-
Англијапред 9 часа
„Бомбата“ на Дукуре му донесе опстанок на Евертон, Лестер и Лидс се нови второлигаши (Видео)