Капитенот Компани посочи на што се должи успехот на Сити во сите четири натпреварувања сезонава

vinsent-kompani-23898932

Капитенот на Манчестер Сити Винсент Компани пред дуелот против Виган во ФА купот зборуваше како успеа неговиот тим сезонава да остане во конкуренција за титулите во сите четири натпреварувања во кои што учествува.

Сити е убедлив лидер во Премиер лигата, а игра и во ФА купот, Лига купот и во Лигата на шампиони.

– Утврден факт е дека немаше да бидеме во четири натпреварувања ако во тимот немавме толку многу играчи способни да настапуваат на ова ниво. Големата бројка такви играчи е клучна бидејќи ни остануваат уште 11 важни натпревари во Премиер лигата, а тука е Лига купот, ФА купот и Лигата на шампиони. Не е возможно да играш во сите нив со истите 11 играчи – вели белгискиот дефанзивец.

Facebook Коментари