Поврзете се со нас

Балкан

Капитенот Јаховиќ ја најави победата на Гезтепе во Истанбул (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Адис Јаховиќ го постигна својот прв сезонски погодок во дресот на Гезтепе во првата лига на Турција.

Јаховиќ кој на оваа средба доби можност и да ја носи капитенската лента откако играта мораше да ја напушти Акбунар се најде на вистинското место во 67 минута и стрелаше за 1-1 на пресметката против Касимпаша во Истанбул.

До крајот гостите дојдоа до пресврт, три бода и тоа со мајсторијата на нововлезениот Тијаниќ во 86 минута.

Ова е само втор првенствен триумф на Гезтепе и истиот доаѓа по лошата серија на резултати. Меѓутоа оваа победа може многу да значи исто како и погодокот за Јаховиќ за кого се надеваме ќе ја врати својата препознатлива гол форма.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни