Поврзете се со нас

Одбојка

Капитенот има нов клуб: Ѓоргиев продолжува во Словенија

Објавено

на

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев има нов клуб и од нареднава сезона ќе го гледаме во Словенија во дресот на АЦХ Волеј Љубљана.

Ова за Ѓоргиев ќе биде 11. тим во неговата богата кариера, а во истиот доаѓа од турски Инегол Беледијеспор.

-Многу сум среќен и горд што доаѓам во ваков организиран клуб. Го следам тимот уште како дете и мојата цел секогаш беше да играм тука еден ден. Имам убави спомени од Љубљана затоа што тука славевме со Македонија против Словенија на Европското првенство во 2019 година.

-Тимот што се гради за следната сезона е многу силен и е во состојба да го води клубот до сите домашни и во европските натпреварувања. Му благодарам на клубот за довербата, -истакна Никола кој ќе биде на заслужен одмор до 11 јули по што ќе следат подготвките со Македонија за настапот на ЕП.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни