Поврзете се со нас

Одбојка

Капитенот го крена гласот по смената на Матијашевиќ: Срамота и греота…

Објавено

на

Најдобриот македонски одбојкар кој воедно е и капитен на одбојкарската репрезентација на Македонија, Никола Ѓорѓиев реагираше жестоко по веста дека е променет досегашниот предводник, Никола Матијашевиќ.

Ваквата вест денекса беше лиферувана до медиумите, а дојде како изненадување за јавноста со оглед на успесите кои ги постигна македонската одбојкарска репрезентација под водство на Матијашевиќ.

Никола Ѓорѓиев, без влакна на јазикот упати жестоки критики на адреса на Одбојкарската федерација за ваквиот потег и го поддржа својот досегашен селектор.

– Срамота и греота. Две Европски првенства…Пред четири години сонувавме за Европско првенство. Изгледа со некои луѓе од ОФМ се е можно. Браво, -иронично напиша Ѓорѓиев.

Инаку, нов предводник на репрезентацијата на Македонија ќе биде Душко Николиќ кој ќе ја има честа да ја води репрезентацијата на Европското првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни