Поврзете се со нас

Одбојка

Капитенот Ѓоргиев договори нов ангажман, се враќа во Турција!

Објавено

на

blank

Најдобриот македонски одбојкар и воедно капитен на нашата репрезентација, Никола Ѓоргиев договори нов ангажман и во наредната сезона ќе го гледаме во таборот на турскиот прволигаш Инегол Беледиеспор.

Ова за Ѓоргиев ќе биде враќање во Турција со оглед на тоа што претходно од 2010 до 2014 година беше дел од Малије Мили Пијанго. Во својата досегашна кариера струмичанец има настапува и во Србија, Франција, Јапонија, Полска и Германија каде ја мина натпреварувачката 2019/2020 и тоа во дресот на Фридрихсхафен.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни