Поврзете се со нас

Шпанија

Капитенот ги разлути фановите: Тер Штеген ја заборави стандардната фраза со која се гордеат Каталонците (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Марк Андре Тер Штеген имаше убав говор за Чави Ернандес и Серхи Роберто пред почетокот на „Гампер Купот“ на „Монжуик“, но сепак еден детаљ кој не привлече внимание во прв момент, сепак крена голема прашина воо каталонската јавност.

Медиумите од ова подрачје подвлекоа дека Тер Штеген е првиот капитен во последните две децении кои ја заборавил стандардната фраза на која се гордеат сите Каталонци при завршувањето на својото говор, па поради тоа наиде на жестоки критики на социјалните мрежи.

Низ годините, капитените на Барса своите обраќа ги завршуваа со „Долг живот на Барса – Долг живот на Каталонија“, но Тер Штеген е првиот кој ја заобиколи оваа традиција.

Германскиот чувар на мрежата на крајот од говорот порача „Долг живот на Барса“, но бидејќи не го изговори и вториот дел од фразата, сега добива доста непријатни коментари од тврдокорните навивачи.

За да биде уште полошо, Барселона загуби од Монако со убедливи 0:3 на домашен терен, па фановите на трибините им посветија и свирежи на фудбалерите предводени од Ханси Флик.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни