Поврзете се со нас

Македонија

Капитенот Гачевски за ситуацијата во Вардар: Може да те одречат, други да те предадат… (ФОТО)

Објавено

на

Рускиот бизнисмен, Сергеј Самсоненко во текот на денешниот ден испрати официјално соопштение дека се повлекува од ФК Вардар, потег кој дојде само неколку недели откако стана јасно дека ја завршува приказната и со РК Вардар.

Со ова иднината на фудбалскиот клуб е неизвесна и покрај тоа што е на првото место на табелата и што титулата му е на дофат. Многу прашања остануваат неодговорени од кои можеби најважното во моментов е дали „црвено-црните“ ќе добијат помош и со тоа добијат лиценца за настап во Европа.

По повод последните случувања во клубот се огласи капитенот Филип Гачевски и тоа со стихови од легендарната „Заветна“ на нашата музичка икона Пепи Бафтировски.

Овој статус го споделија и „Комитите“ кои порачаа дека Вардар не е сираче, односно дека сироти се оние кои со Вардар си играат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни