Репрезентација
Капитенот Барди излезе со заклучок за јунскиот циклус и најави многу подобар септември (Фото)

Енис Барди имаше улога на капитен и на вчерашниот натпревар против Гибралтар, кој резултатски беше отворен благодарение на ремек-делото кое го изведе фудбалерот на Леванте од слободен удар.
Барди уште еднаш покажа со каков шут располага од дистанца и не му даде никаква шанса на голманот на Гибралтар, по што следеше вистинско гол-шоу во половина час во кој дадовме уште три гола.
Македонија го заокружи јунскиот циклус во Лигата на нации со две победи, едно реми и еден пораз, па како второпласирана во групата, сега ќе мора да брка сензација во септември, односно да слави висока победа крај Грузија од три или повеќе гола за да има шанси за првото место.
Овие четири натпревари во десет дена донесоа измешани емоции и чувства кај сите фудбалери, но Барди извлече заклучок и најави многу подобри изданија во септември.
– Зад себе оставивме уште еден напорен распоред во несоодветен временски период на крајот од сезоната. Среќен сум што продолжуваме да се подобруваме и убеден дека во следниот собир ќе бидеме на уште повисоко ниво, – порача Барди.
-
Светпред 16 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Мерсон за повлечениот потег на Арсенал: Тој не може да биде стартер ниту во Фулам
-
Англијапред 15 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Италијапред 16 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
АТПпред 23 часа
Циципас триумфираше во Мајорка, Надал му испрати порака: Победи го Ѓоковиќ на Вимблдон (ВИДЕО)
-
Германијапред 23 часа
Барселона се впушта во завршна офанзива за Левандовски
-
Италијапред 19 часа
Милито му испрати трансфер совет на Дибала: Желбата за одмазда ќе направи разлика
-
Мото ГПпред 16 часа
Маркез обелодени како изгледа неговата рака после четвртата операција и ги шокираше фановите (Фото)