Италија
Капитенот на Аталанта: Интер не масакрираше во август, но сега…
Аталанта ја заврши 2024-та година како првопласиран тим на табелата во Серија А, па поради тоа со огромна самодоверба отпатува за Ријад каде денеска ќе го одигра полуфиналето во Суперкупот.
„Ла Деа“ ќе го предизвика тимот кој трипати во низа го освојува трофејот во Суперкупот, а бидејќи истовремено станува збор за актуелниот италијански шампион, сите во таборот на Аталанта се свесни дека ја имаат најтешката задача на патот до финалето.
Интер се покажа како непогрешлив во ова натпреварување во последно време, но од големо значење пред полуфиналето е и последниот дуел со Аталанта која „нераѕурите“ го добија со 4:0.
Натпреварот од стартот на сезоната целосно мина во знакот на шампионот, но Мартен Де Рун сега верува дека тој и неговите соиграчи ја научиле лекцијата, односно ќе применат сосема поинаков пристап од оној пред четири месеци.
– Ќе се соочиме со најсилниот тим во Италија, покажаа дека се најдобри и за нас ќе биде да покажеме дека можеме да се натпреваруваме со нив. Ги предизвикавме на почетокот на сезоната во месец август и не масакрираа со нивата ефикасност.
– Сакавме да играме со отворен гард, се натпреварувавме без страв, но сега околностите се поинакви. На тој меч им остававме многу простор, верувам дека сега сме далеку подобри и поподготвени за нив. Убедени сме дека можеме да им направиме проблем, – изјави Де Рун како капитен на Аталанта.
-
Италија24 часа
Проблемите се надминати, Елмас добива нов соиграч од Милан
-
АТП6 часа
Гласна птица го деконцентрираше Ѓоковиќ, сцената стана вирален хит (Видео)
-
Англија15 часа
Аморим за Рашфорд: Дали го одигра неговото за Јунајтед? Мора да го претставува клубот…
-
Англија16 часа
Фернандеш го мина Бекам со атрактивниот гол против Арсенал (ВИДЕО)
-
АТП15 часа
Елиминиран поранешниот финалист на АО, Синер преку тај-брејкови до прва победа (ВИДЕО)
-
Италија14 часа
Италијански великан фаворит за потписот на Вокер
-
Шпанија16 часа
Откриена пораката која му ја испратил Перез на Модриќ по „петардата“ во финалето: Понекогаш мора…. (Видео)
-
АТП12 часа
Алкарас со убедлив триумф тргна на Австралија Опен (ВИДЕО)