Поврзете се со нас

Шпанија

Капитен на шпански прволигаш оди на принудна пауза поради тешка болест: Ми се врати ракот (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/UDLP_Oficial

Себастијан Але беше последниот добар пример за тоа како еден професионален фудбалер брзо се справува со подмолната болест и се враќа на фудбалскиот терен, а сега по вторпат во кариерата низ нешто такво ќе мора мине Киријан Родригез.

Стандардниот стартер и капитен на Лас Палмас ова попладне ги информираше шпанските медиуми дека ќе мора да направи нова принудна пауза од фудбалот, откако за жал му се вратила болеста која ја победи пред две години.

Играчот за врска доби една битка со Хоџкинов лимфом и успеа да направи успешен кам-бек на теренот, но за жал сега ќе мора да мине низ истото.

– За жал имам рецидив на болеста и ми се врати ракот, ќе мора да направам пауза од најмалку шест месеци. Вчера ми соопштија дека ми се вратил ракот и повторно ја имам истата болест.

– Сега следи процес на рехабилитација со хемотерапија. Сакав јас да бидам тој што ќе ви го каже ова јавно. За жал, повторно морам да паузирам, но ќе продолжам да се борам. Се надевам дека ќе ве видам сите наредната сезона, 100 проценти сум убеден дека ќе се вратам да играм за Лас Палмас, и тоа во Првата лига, – порачал Киријан.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни