Поврзете се со нас

Италија

Капело знае кои екипи ќе победуваат во Италија: Домашниот терен ништо не значи, разликата ќе ја…

Објавено

на

Вечерва по долга пауза се враќа фудбалот во Италија и тоа со полуфиналниот меч од Купот меѓу Јувентус и Милан во Торино.

Со ова официјално ќе се врати фудбалот на Апенините кој беше суспендиран, прекинат во месец март поради коронавирусот. Се очекува да биде многу возбудливо, неизвесно како во Купот така и во Серија А, а според Фабио Капело ќе победуваат оние екипи кои имаат вистински лидери.

-Месеците минати на кауч ќе им наштетат, ќе помогнат во зголемување на повредите, тоа е една од штетите кои ги остави овој вирус. Најдобрите тимови сè уште имаат поголема веројатност да победуваат, без оглед дали има COVID-19 или не, но ќе видиме некои промени.

-Како што веќе видовме во Германија, домашната предност е избришана кога играме зад затворени врати, така што екипите со вистински лидери ќе направат разлика, -вели Капело.

-Јувентус се фаворит затоа што имаат квалитет, но Лацио е цврст и целосно свесен колку е силен. Навистина ми се допаѓа Аталанта, бидејќи тие имаат вистински менталитет и нозе за задачата, -дополни искусниот и трофеен стручњак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни