Поврзете се со нас

Шпанија

Капело „знае“ каде ќе игра Меси во наредната сезона

Објавено

на

Италијанскиот фудбалски стручњак, Фабио Капело во моментов нема никаков ангажман, па затоа има повеќе простор, време да го даде својот став за сите актуелни случувања во фудбалот.

Секако една од темите која веќе подолго време високо котира е иднината на Лионел Меси, поточно дали тој ќе остане во Каталонија и по крајот на натпреварувачката 2020/2021 кога му завршува договорот. Во Барселона во моментов има многу непознаници, прашалници, доста несредени работи, исто така финансиската состојна е далеку од идеална, а и прашање е колку овој сегашен тим може реално да се бори за титули.

Поради се тоа ова се говори за ПСЖ, Манчестер Сити како клубови кои можат да го добија неговиот потпис, но според Капело напаѓачот ќе остане на „Камп Ноу“ и во тоа ќе помогне враќањето на Жоан Лапорта на претседателското место.

-Мислам оти Меси ќе остане во Барселона. Не верувам дека ПСЖ ќе потроши толку пари. Лапорта е фаворит за претседател на Барселона и е во добри односи со Меси. Ја сака Барселона, таму сите го сакаат, според мене нема шанси да заврши во ПСЖ.

-Со Лапорта тој ќе се фокусира на создавање на подобар тим на Барселона, -рече Капело за Скај Спорт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни