Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Капело жесток кон неговиот омилен играч во Челси: Не можам да го препознаам

Објавено

на

Фабио Капело со години наназад тврдеше дека Калиду Кулубали игра на ниво на најдобрите дефанзивци во светот, но откако си замина од Наполи, легендарниот Италијанец е најгласен и најпознат критичар на стоперот.

Сенегалецот направи трансфер во Челси и има променливи изданија во дресот на лондонскиот клуб, но иако Челси вчера го победи Милан со 3:0, Капело не остана импресиониран од натпреварот на човекот кој до пред неколку месеци беше командант во одбраната на Лучијано Спалети.

– Од она што можам да го видам, Кулубали нема карактер во Челси. Кога топката е во неговите нозе, изгледа како човек кој постојано се двоуми што да направи со неа.

– Не игра брзо, не игра како што не навикна да го гледаме во Наполи. Во Наполи тој беше командант, одеше напред, даваше долги пасови, а сега има храброст да даде пас на неколку метри, му подава на оној што е најблиску.

– Навистина сум изненаден од него, не можам да го препознаам. Ова не е Кулубали што го знаеме, бидејќи оној од Наполи може да биде многу важен за Челси, – изјави Капело.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни