Италија
Капело: Жалам само за едно нешто од мојата авантура во Рома
Фабио Капело беше тренерот кој ја водеше најуспешната ера на Рома во поновата фудаблска историја на великанот од италијанската престолнина, бидејќи легендарниот италијански стручњак е последниот кој и ја донесе титулата на „волчицата“ во Серија А.
Рома го освои Скудетото во 2001-ва година откако Капело цели две години го кроеше шампионскиот тим, а бидејќи Дон Фабио има посебен статус на „Олимпико“ во Рим, неговите изјави за најубавите денови кои ги паметат фановите на Рома привлекуваат големо внимание.
Капело потенцира дека Батистута бил играчот кој направи неговиот тим да добие шампионски карактер во нападот, но покрај тоа што ја посочува титулата освоена со Рома како посебно неверојатна, не пропушти да потенцира дека една година подоцна (2002-ра) го доживеа најголемото разочарување во престолнината.
– Жалам само за едно нешто од мојата авантура во Рома. Годината по освоеното Скудето, можевме да освоиме уште едно. Но, ние го отфрливме сето тоа на натпреварот против Венеција. Одигравме 2:2 против тим кој беше испаднат, а покрај тоа имавме и водство од 2:0 во самата завршница. Тоа беше тешко за прифаќање, – признава Капело.
Инаку, споменатата сезона титулата му припадна на Јувентус, кој интересно имаше само еден бод повеќе од второпласираната Рома (71 наспроти 70).
-
Балканпред 13 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шпанијапред 24 часа
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд
-
Шпанијапред 22 часа
Анти-фудбалот донесе неверојатна тензија во Билбао, Ињаки влезе во жесток клинч со противничкиот тренер (Видео)
-
Шпанијапред 17 часа
Тебас смета дека Барселона заслужува да и бидат одземени бодови ако е виновна во случајот „Негреира“
-
Шпанијапред 3 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Италијапред 4 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки
-
Англијапред 15 часа
Макелеле се збогуваше со фановите на Челси: Време е за нов предизвик
-
Шпанијапред 5 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)