Поврзете се со нас

Италија

Капело за потегот на Јувентус: Ова е голем ризик…

Објавено

на

Јувентус се одлучи да направи (не)очекуван потег и завршницата на оваа сезона да ја дочека со нов тренер во името на Игор Тудор кој е донесен како замена за Тијаго Мота.

Иако Мота буквално до „вчера“ ја имаше поддршката од управата, клубот и покрај турбулетната кампања за кратко време работите се променија и беше донесена одлука за негов отказ и назначување на Тудор за предводник на екипата до крајот на натпреварувачката 2024/2025/

Овој потег секако донесе коментари, реакции на Апенините, а меѓу нив беше и онаа на легендарниот Фабио Капело кој даде јасен и директен заклучок.

-Теоретски, менувањето на тренерот на девет натпревари од крајот на сезоната и на само еден бод од четвртиот може да биде ризик.  Сепак, мора да има контекст зад одлуката на клубот, а однадвор имав впечаток дека никој повеќе не сака да продолжи со Мота. Ниту навивачите, ниту тимот. Во тие случаи, мора да ја слушате соблекувалната и да одлучите соодветно. Ако играчите повеќе не се на иста линија со Мота, како што разбрав, тогаш отказот беше неизбежен. Имајќи го тоа кажано, Тудор има храброст, тој прифати голем предизвик, -вели Капело кој говореше и за Тудор.

-Тој го познава клубот затоа што го помина како играч и како тренер, бидејќи беше помошник на Пирло пред неколку години. Тоа е голема предност, особено во ваков момент. Тудор веќе има искуство со преземање на клубови на средината на сезоната, од Удинезе до Верона и Лацио. Има јасни идеи, ја знае работата што го чека како тренер кој штотуку го презеде. Се разбира, во Јуве е поинаку, притисокот и очекувањата се зголемени, но како што реков, зборуваме за тренер кој го познава секој агол од овој свет на Јувентус.

-Нема многу време да ја постигне целта да се пласира во Лигата на шампионите, но не му недостасува храброст, -порача Фабио за „Газета Дело Спорт“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни