Поврзете се со нас

Италија

Капело за последното дерби: Интер играше на очекуваното ниво само пет минути

Објавено

на

Фабио Капело го коментирал последното италијанско дерби во кое Јувентус и Интер се задоволија со по еден гол и бод, а во својот осврт повеќе ги критикувал гостите, пред се поради фактот што според него „нероазурите“ имаат најдобар тим и се први фаворити за скудетото.

– Не мислам дека Јувентус може нешто повеќе од ова, пред се поради фудбалерите кои му недостасуваат. Интер има многу поквалитетен тим и штета е што играа како Интер само пет минути и тоа откако примија гол.

– Очекувам најдобриот тим во лигата да има поголема желба за победа, Интер има потенцијал да им избега на ривалите слично како Наполи минатата сезона.

– Во Торино имаа 680 додавања и креираа многу малку, мислам дека голманот Зомер имаше повеќе контакти со топката отколку напаѓачите на Инѕаги, – рекол Капело.

Тој останува на ставот дека Интер е фаворит број еден за титулата.

– Интер има предност и јас не сум единствениот што го говори тоа. Генерален впечаток е дека може да се обвинуваат само себеси ако не ја освојата титулата. Затоа и очекував повеќе од овој тим во неделата, – рекол Капело.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни