Поврзете се со нас

Италија

Капело за погрешен трансфер потег на Милан: Тој не е играч за клуб со вакво реноме

Објавено

на

Фото: https://www.instagram.com/_fbcp

Милан ги разочара фановите со ремито против Џенова на прославата на големиот јубилеј, со што „росонерите“ ја зголемија негативата во однос на водечките екипи на табелата.

Критики заработува тренерот Пауло Фонсека, но и неговите фудбалери, а искусниот Фабио Капело смета дека една од причините за актуелната сезона се и направените трансфери.

– Емерсон Ројал не ми изгледа како фудбалер за рангот на екипа каква што е Милан.

– Не би го направил овој трансфер, посебно што не носи дополнителен квалитет на позицијата каде веќе го имате Калабрија, младиот Хименез, па и Калулу кој можеше да игра на повеќе позиции.

– Мислам дека беше потребен нов десен бек, но само ако се подигне нивото на квалитет, а тоа не е направено со Бразилецот. Истото важи и за Павловиќ, иако би бил повнимателен со Србинот, бидејќи тој е помлад и не добиваше толку голема минутажа. Но, повторно се отвора прашањето дали беше потребен неговиот трансфер и зошто не го задржаа Калулу.

– Главниот потег во преодниот рок требаше да биде нов напаѓач, посебно по заминувањето на Жиру. Мората и Ејбрахам пристигнаа, но фановите се прашуваа зошто клубот не донел играч кој може да постигне 20 голови по сезона. Но, тоа не е така лесно. Кого би довеле со достапниот буџет, не гледам некој достапен напаѓач во тие рамки. Мората е комплетен играч и лидер на теренот и мислам дека Милан не можеше да пронајде подобра опција од него, – оценува Капело.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни