Поврзете се со нас

Шпанија

Капело за периодот во Реал: Мијатовиќ и Шукер намерно не му ја додаваа топката на Раул

Објавено

на

Фото: https://www.instagram.com/_fbcp

Легендарниот италијански тренер Фабио Капело реализирал интервју со шпански „Ел Мундо“ и во него зборува на многу теми, вклучувајќи ги сите етапи во трофејната кариера.

Една од анегдотите кои Капело ги потврдил по новинарско прашање е и таа со соработката на Предраг Мијатовиќ, Давор Шукер и Раул Гонзалес.

Триото легендарни напаѓачи играа заедно во Реал, но балканскиот тандем на почетокот и немал преголема желба да проигрува со Раул, за што Шпанецот се жалел кај Капело.

– Не само што Раул се жалеше, туку излезе и дека е во право.

– Мојата прва реакција беше дека зборува глупости, но по неколку натпревари и самиот сфатив дека е повеќе од очигледно дека го прават тоа.

– Ги повикав Пеџа и Давор и тие не признаваа, но потоа им покажав видеа за да се уверат, а тие тврдеа дека не го виделе на теренот. Поминаа три натпревари и се случуваше истото, по што повторно ги повикав во канцеларија и им се заканив дека ако се случи и на следниот натпревар, ќе се преселат на клупа. Дури тогаш престанаа со таквото однесување, – открил Капело.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни