Поврзете се со нас

Италија

Капело за најскапиот играч во тимот на Мота: Тој не изгледаше како топ класа на ЕП, редно е да се докаже!

Објавено

на

foto:www.facebook.com/SerieA

Тиаго Мота режираше мини ремонт во Јувентус и реши да се ослободи од голем број искусни фудбалери, а истите реши да ги замени со млади фудбалери кои допрва треба да се докажат на највисока сцена.

Новиот тренер на Јувентус се одлучи за стратегија според која би се внела свежа крв во тимот, па така видно изменетиот Јувентус можевме да го видиме уште во првото коло, во кое до израз дојдоа токму младите играчи на кои се потпира Мота.

И покрај отстранувањето на сериозни имиња од стартната постава, Мота во својот тим пронајде место за Душан Влаховиќ, но најскапиот играч на Јувентус најверојатно ја има последната шанса за докажување во Торино, нешто во што е убеден и Дон Фабио Капело.

Легендарниот италијански стручњак сака да гледа млади играчи кои се пробиваат на најважната сцена во Италија, меѓутоа смета дека е време Влаховиќ да ја покаже својата вредност и да презентира зошто Јувентус издвои 80 милиони евра.

– Навистина ми се допаѓа што Мота се потпира на млади играчи кои имаат јасни идеи. Ми се допаѓа овој Јувентус, гледам многу простор за напредок. Исто така, сакам да видам како Влаховиќ постигнува повеќе од 20 гола. На Европското првенство тој не изгледаше како играч од топ класа, сега е време да го покаже спротивното, барем како играч на Јувентус, – вели Капело.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни