Свет
Капело за најпроблематичниот играч: Ван Нистелрој ми порача дека цела соблекувална мириса на алкохол!
Фабио Капело е исклучително актуелен во домашната и светската јавност во овие изминати два месеци во кои како никогаш претходно се откриваат анегдоти од минатото, а легендарниот Италијанец секако е добар пример за споделување на интересни приказни.
Капело работеше во голем број фудбалски гиганти и насобра искуства и случки кои може да ги раскажува во безброј варијатни, но во последното обраќање кое го имаше за италијански „Скај Спорт“, Дон Фабио одново се наврати на најголемиот талент и најдобриот играч кој го тренираше во кариерата.
Италијанецот во повеќе наврати има нагласено дека тоа е „феноменот“ Роналдо, кој истовремено е и фудбалерот кој му создал и најмногу проблеми.
– Најголемиот талент кој го тренирав е Роналдо. Роналдо „дебелиот“ за да се разбереме подобро. Но, исто така тој беше и најпроблематичниот играч, ми создаде најмногу проблеми во соблекувалната.
– Правеше забави, секакви работи. Еднаш ми пријде Ван Нистелрој и ми кажа дека цела соблекувална во Реал мириса на алкохол, – открива Капело кој сега има фантастичен однос со харизматичниот Бразилец кој исто така е активен на социјалните мрежи за време на овој пуст фудбалски период.
-
Англијапред 13 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Италијапред 12 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Светпред 22 часа
Бускетс за Меси и незадоволните фанови: Ние не сме машини или роботи…
-
Шпанијапред 12 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Англијапред 10 часа
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Шпанијапред 20 часа
Барселона повторно покажа дефанзивни слабости и освои само бод против Мајорка (ВИДЕО)
-
Балканпред 24 часа
Играчите на Галатасарај подготвиле специјален пенал, Икарди се посрамоти за сите пари (ВИДЕО)
-
Англијапред 12 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него